Дома Трансфер зона Ѕвездата на Атлетико: Срцето не ми даде да се преселам во Реал Мадрид!

Ѕвездата на Атлетико: Срцето не ми даде да се преселам во Реал Мадрид!

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец, Лука Хернандес изјави дека ја одбил понудата на Реал Мадрид минатото лето.

Хернандес одигра фантастилно светско првенство и со Француја го освои Мундијалот, а веднаш потоа пристигнала понуда од Реал Мадрид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не ја ни слушнав понудата. Бев целосно концетриран на Атлетико Мадрид,а и скоро потпишав нов договор. Мојот агент ми соопшти за понуда, но срцето не ми даде да се преселам во Реал Мадрид. Атлетико е мојот клуб, јас сум чесен човек и никогаш нема да го изневерам мојот клуб“, изјави Хернандес.

„Очекувам да останам во Атлетико уште долги години. Но, знаете како е во фудбалот, работите се менуваат брзо. Ако пристигна понуда која нема да може да се одбие…“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…