Утре Шкупи ќе се сретне против Тиквеш во Квадарци во рамките од 10. коло во ПМФЛ.




Натпреварот од редовите на Шкупи го најави младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски.




Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Фокусирани сме на утрешниот натпревар. Натпреварот со Тиквешп ќе биде важен и ние ќе го дадеме максимумот за да ги завршиме задачите дадени од нашиот тренер. Мораме да дадеме се од себе за дресот кој го носиме и да ја постигнеме нашата цел“, изјави Ѓорѓиевски.




Натпреварот како и останатите се игра утре од 14:00. 10. коло веќе беше отворено денес со натпреварот помеѓу Работнички и Скопје кој заврши со победа на гостите од 0:1.
Фото: ФК Шкупи