Дома Македонски спорт Мак фудбал Ѓорѓе Стојчев повеќе не е тренер на Академија Пандев

Ѓорѓе Стојчев повеќе не е тренер на Академија Пандев

После денешното реми против Борец Ѓорѓе Стојчев одлучи да ја напушти клупата на Академија Пандев.

Покрај натпреварот против Борец, Академија Пандев и во минатото коло не победи во натпревар во кој беше фаворит, тогаш подобар од „пандевци“ беше Скопје со 2:1. Оставката Стојчев ја потврди на социјалните мрежи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Благодарност до Горан Пандев, Фк Академија Пандев. Со срце и душа работев од создавањето на клубот па се до денес. После двата последни резултати одговорноста ја превземам јас како тренер. Посакувам на клубот, играчите во иднина исполнување на зацртаната цел и се надевам ФК Академија Пандев ќе игра во Европските натпреварувања“, објави Стојчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…