Новак Ѓоковиќ стана рекордер по освоени мастерс титули и го обезбеди првото место на АТП листата до крајот на годината.
Иако е во врвна форма и има уште многу што да покаже на тениските терени, сепак Ѓоковиќ веќе размислува за што ќе прави по завршување на кариерата.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Србинот откри дека сака да биде тренер, односно сака да го пренесе своето знаење на новите генерации на тенисери.
„Себе се гледам како тренер во иднина. Го сакам овој спорт. Знаењето може да биде клетва ако не го користите. Секако дека имам корист од тоа, но што да правам со него, нема да го носам во гроб“, вели Ѓоковиќ.