Дома Останати Ѓоковиќ потврди: Австралија Опен може да се одложи

Ѓоковиќ потврди: Австралија Опен може да се одложи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека постои ризик од одложување на Австралија Опен поради големите пожари што беснеат на континентот.

Создаден е чад кој може да го загрози здравјето на играчите, а и температурите се премногу високи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ако дојде до точка дека нешто му се заканува на здравјето на играчите, ќе мора да размислиме за одложување на турнирот. Ова е најекстремната опција. Затоа што сум сигурен дека организаторите ќе сторат се што е можно за да не се одложи турнирот, изјави Ѓоковиќ.

Грен слем турнирот во Мелбурн треба да се одржи од 20 јануари до 2 февруари.

„Одлуката околу евентуалното одложување би била многу тешка за организаторите, треба да се почитува распоредот, а Австралија Опен се игра во строго одреден термин. Многу фактори се во игра, но грижата за здравјето на тенисерите е најважна“, додаде Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…