Дома Останати Тенис Ѓоковиќ постави неверојатен рекорд

Ѓоковиќ постави неверојатен рекорд

НОВАК ЃОКОВИЌ го победи Гаел Монфис со 6:3, 6:2 во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати и испиша историја.

Српскиот тенисер со оваа победа стигна до неверојатни 19:0 во мечевите со Монфис, што е нов АТП рекорд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Досега рекордот го делеше со Рафаел Надал, кој има 18:0 против Ришар Гаске, уште еден Французин.

Бјорн Борг против Витас Герулаитис, Роџер Федерер против Давид Ферер и Михаил Јужни и Иван Лендл против Тим Мајот имаа по 17:0.

За полуфиналето Ѓоковиќ ќе се бори против локалниот играч Тејлор Фриц, кој се пласираше во четвртфиналето откако Душан Лајовиќ се предаде кога Фриц водеше со 5:0 во првиот сет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Родик откри што би можело предвреме да го пензионира Ѓоковиќ

Поранешниот американски тенисер Енди Родик го коментираше изјавата на Новак Ѓоковиќ по зав…