Дома Останати Тенис Ѓоковиќ едвај ја оправда фаворитската улога во Мајами

Ѓоковиќ едвај ја оправда фаворитската улога во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди место помеѓу најдобрите 16 на турнирот во Мајами.

Ѓоковиќ потешко од очекувањата го победи 83-тиот тенисер на АТП листата, Федерико Далбонис од Аргентина со 2:1 во сетови (7:5, 4:6, 6:1).

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Новак играше променливо во овој меч и кај него можеа да се забележат падови во играта. При резултат 5:2 во првиот сет тој му дозволи на Далбонис да стигне до 5:5, но на крај сепак го освои со 7:5.

Аргентинецот одлично одигра во вториот сет кој го доби со 6:4. Меѓутоа Ѓоковиќ се врати во третиот сет кој го одигра на највисоко ниво, го доби со 6:1 и не дозволи никакви изненадувања.

Во продолжение на турнирот во Мајами Новак го очекува меч со Роберто Баутиста Агут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Елиминација на Зверев на Вимблдон

По елиминацијата на Данил Медведев, Лоренцо Муцети, Холгер Руне, Стефанос Циципас… В…