Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го „скрши“ отпорот на Шаповалов и закажа финале со Беретини!

Ѓоковиќ го „скрши“ отпорот на Шаповалов и закажа финале со Беретини!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон откако во полуфиналето го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 3:0 во сетови 7:6, 7:5 и 7:5.

Канадскиот тенисер одлично го отвори мечот. Направи брејк во третиот гем, сигурно освојуваше поени на свој сервис и изгледаше дека ќе го освои првиот сет. Меѓутоа запре во клучен ммомент. Новак повторно беше најдобар кога тоа е најпотребно и го одзема сервисот на Шаповалов во 10. гем. Така доаѓа до 5:5.
Првиот сет оди во тај-брејк. Таму Ѓоковиќ беше сигурен и после 55 минути го доби сетот со 7:6.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се мачеше Ѓоковиќ во вториот сет. Спаси првиот тенисер во светот дури пет брејк топки, а неговиот противник од другата страна изгледаше многу сигурен на свој сервис. Сепак, Новак повторно направи брејк кога беше потребно. Го доби сервисот на ривалот во 11. гем, а потоа сигурно сервираше за освојување на вториот сет со 7:5 и водство од 2:0.

Двајцата тенисери во третиот сет имаа шанса за брејк, на крај Ѓоковиќ успеа да го освои клучниот гем. Повторно го одзема сервисот на противникот во 11. гем и ја заврши работата во третиот сет со 7:5 и конечни 3:0.

Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Италијанецот Матео Беретини кој денес претходно го совлада полскиот тенисер Хуркач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…