Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми го мина првото коло на УС Опен, а денес мораше да направи нов распоред на тренинзите поради Црвена Звезда.
Српскиот тенисер е познат како голем фан на Црвена Звезда која вечерва го игра реванш дуелот со Јанг Бојс за влез во групната фаза од ЛШ, а Ѓоковиќ не сака да го пропушти тој спектакл.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Ќе го гледам натпреварот на Црвена Звезда. Ќе го поместиме тренингот, кој беше закажан за девет часот по наше време. Јас навивам за нашата екипа и мора да ги пофалам за тоа што го постигнаа во последните три години. Најдобро ќе биде да го одработам тренингот претходно, а потоа да се гледа на мир“, порача Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во следното коло на УС Опен ќе игра против Хуан Игнасио Лондеро.