Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон, која за него беше седма во кариерата, но и покрај тоа следеше пад на АТП-листата од четири позиции и од денеска се наоѓа на седмото место.
Ѓоковиќ по победата на Вимблдон се расплака, откако го совладаа емоциите, па во разговор со српските медиуми откри зошто пуштил солза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доживеав многу вакви моменти во кариерата, меѓутоа овој трофеј во година каде што минав низ пекол на Австралија… Сè ми беше собрано кога седнав, почуствував олеснување и се расплакав бидејќи постојано бев под стрес“, вели Ѓоковиќ.
Србинот има 21. гренслем-титула во кариерата, односно една помалку од Рафаел Надал, кој стигна до полуфиналето на турнирот.