Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои УС Опен. Ѓоковиќ во синоќешното финале го совлада Аргентинецот Дел Потро со 3:0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:3.
И двајцата тенисери влегоа сигурно во натпреварот. Сервисот работеше перфектно, но во осмиот гејм Дел Потро попушти. Иако имаше 40:0, Ѓоковиќ одигра одлично во продолжение на овој гејм и стигна до брејк. Со сигурен сервис подоцна го освои првиот сет со 6:3.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак подобро влезе во вториот сет. Имаше предност од 3:1, но во неговата игра се забележа нервоза и Дел Потро набрзо го врати загубениот сервис. Победникот во вториот сет е беше решен во тај-брејк каде Аргентинецот прави неколку грешки, а Ноле тоа го искористи и го освои вториот сет со 7:6 за 2:0 во сетови.
Ѓокович одлично влезе и во третиот сет. Повторно поведе со 3:1, но Дел Потро не се предаваше и дојде до 3:3. Сепак, кога беше најважно аргентинскиот тенисер попушти.
Новак во осмиот гејм дојде до брејк, сервираше за меч, го доби третиот сет со 6:3 и го освои УС Опен со убедливи 3:0.
За Ноле ова е трета УС Опен титула и 14. Гренд Слем во кариерата.