Еден од најпознатите македонски тренери Ѓоко Хаџиевски повеќе не е тренер на тимот на Хата од Обединетите Арапски Емирати.




Иако Хаџиевски пред два дена успеа да слави против тимот на Гулф Херои сепак се раздели со тимот. Засега деталите за заминувањето на Хаџиевски од Хата не се објавени.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За поранешниот селектор на Македонија ова беше втор мандат во Хата каде што се врати летово во јули меѓутоа се задржа само три месеци.



