Новак Ѓоковиќ во големо интервју за магазинoт „GQ“ зборуваше за тоа како сè уште наоѓа мотивација, но и за тоа кој го „нагoвора“ да се повлече.
Најдобриот тенисер во историјата ќе биде на насловната страница на февруарското издание на медиумот од Њујорк, а по повод тоа зборуваше за тоа дали му помина желбата за тенис.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Ѓоковиќ за плановите за продолжување на натпреварите во белиот спорт.
„Размислувам за пензија, повеќе за тоа како ќе изгледа отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе одлучам дека е доста кога почесто ќе губам, кога ќе почувствувам дека не можам повеќе да се натпреварувам за освојување на најголемите трофеи”, изјави Србинот и додаде:
„За да бидам на врвот, морам да го намалам бројот на турнири на кои учествувам и да се фокусирам само на најважните. Планирам да играм гренд слемови и неколку подготвителни турнири пред нив, особено на земја. По освоеното олимписко злато, многумина ми кажаа дека е вистински момент да се повлечам додека сум на врвот, еден од нив беше и татко ми. Го разбирам тој начин на размислување, но ако сè уште се чувствувам способен да ги совладувам најдобрите на светот, не гледам зошто би престанал”.