Дома Фудбал Останато Шчесни за проблемот со дишењето: Не можев да земам воздух, никогаш не сум се исплашил така

Шчесни за проблемот со дишењето: Не можев да земам воздух, никогаш не сум се исплашил така

Јувентус вчера го победи Спортинг со 1:0 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Европа, а во овој натпревар со непријатност се соочи голманот Војчех Шчесни.

Шчесни се пожали на болка во градите и проблем со дишењето, па мораше да биде заменет. Причина беше ударот во дирекот по кој полскиот голман останал без водух, а теренот го напушти во солзи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Никогаш претходно не сум се исплашил така, никогаш не ми се случило вакво нешто. Не можев да земам воздух и тоа ме загрижи. Малку сум зашеутен, ги направивме сите тестови и како што изгледа се е во ред“.

Шчесни на голот беше одлично заменет од Матија Перин кој во четвртата минута од судиското продолжение со фантастична одбрана го спаси Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Млад се сели во заминува во Саудиска Арабија, ќе заработи и Милан

Одбранбениот играч на Андерлехт, Јан-Карло Симиќ, ќе се пресели во саудискиот Ал-Итихад, о…