Дома Топ вести Што ќе биде со трансферот на Фернандеш? Јунајтед одбива за плати 80 милиони

Што ќе биде со трансферот на Фернандеш? Јунајтед одбива за плати 80 милиони

Иако се чинеше дека трансферот на Бруно Фернандеш од Спортин Лисабон во Манчестер Јунајтед е пред реализација, сепак се појавија неочекувани проблеми кои ја кочат зделката.

Имено, двата клуба не можат да се договорат за износот на трансферот. Португалскиот клуб бара 80 милиони евра за 25-годишниот фудбалер, но од „Олд Трафорд“ одбиваат да ја платат сумата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Преговорите за играчот се уште се во тек, но веројатноста да не се стигне до трансфер се зголемува. Фернандеш веќе ги договори личните услови со „црвените ѓаволи“, очекувајќи тој да биде на трибините на „Енфилд“ за утрешниот дуел меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Јунајтед не ја исклучи можноста за алтернатива на Фернандеш, но засега тој е нивна примарна трансфер цел. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го засилат средниот ред во зимскиот преоден рок, но се спремни да платат најмногу 65 милиои евра.

Останува да видиме дали во наредните денови двата клуба конечно ќе најдат заеднички јазик за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…