Ливерпул во дербито на „Енфлид“ го совлада Тотенхем со 2:1 и така го превзема врвот на табелата во Премиер лигата.
Во еден одличен натпревар Ливерпул до победата стигна со голот на Фирмино во 89. минута, а после последниот судиски свиреж видовме една интересна сцена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо и Јирген Клоп имаа краток разговор, Жозе беше прилично нервозен. На пресот по средбата открија што се случувало.
„Му кажав дека подобриот тим изгуби. Не се сложи со тоа, но тоа е негово мислење“, изјави Жозе кој исто така бил разочаран од однесувањето на Клоп.
„Ако јас се однесував како него покрај теренот веднаш ќе бев исклучен. Не го зборувам ова туку така, тажен сум“, изјави Жозе.
Клоп беше по смирен од него.
„Жозе ми кажа дека подобриот тим изгубил. Не го спомна моето однесување. Ако го спомнал тогаш мојот англиски е полош отколку што мислам. Не знам за што се работи“, истакна Клоп.
Ливерпул после 13 кола и оваа победа е лидер на табелата со 28 бода, три повеќе од Тотенхем и четири од Саутемптон и Лестер.
Temas de hoy: @DAZN_ES: 'Mourinho 🗣️ "A Klopp le he dicho que el mejor equipo ha perdido y no estaba de acuerdo. Si me comporto como él en la banda, me expulsan un minuto después" #PremierLeagueDAZN ⚽ 🏴 ' pic.twitter.com/3CPV5LZavO, see more https://t.co/9QzMdXvdon
— viviendo que no es poco (@lalanchilla) December 17, 2020