Дома Останати Кошарка Што се случува со Американците? После Нигерија изгубија и од Австралија 🎥

Што се случува со Американците? После Нигерија изгубија и од Австралија 🎥

После Нигерија и Австралија го победи тимот на САД на припремите пред Олимписките игри.

Пред само неколку дена Американците ги стартуваа подготовките со пораз од Нигерија со 90:87, а сега од нив во Лас Вегас подобра беше Австралија со 91:83. Треба да се спомене дека ова е првпат уште од 1992 година САД да има два порази во низа во подготвителниот период.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Австралија имаше негатива скоро во текот на целиот натпревар, меѓутоа во последните пет минути успеаа да направат пресврт и да дојдат до победата. Најефикасни во нивните редови беа Пети Милс со 22 поени и Џо Инглс со 17. Во редовите на САД Демијан Лилард уфрли 22 и Дурант 17.

Во следната контролка противник на САД ќе биде Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мајами потроши богатство за новиот договор на Никола Јовиќ

Никола Јовиќ ќе потпише нов, повеќемилионски договор со Мајами. Како што пренесува Шамс Ча…