Фудбалот полека но сигурно станува (ако веќе не е станат) голем бизнис…
Добро познато е дека во светот на фудбалот се вртат астрономски бројки, но последниот случај со талентираниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко е премногу!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мукоко е талентиран фудбалер и уште сега потпиша договор со светската компанија „Најк“ според кој ќе заработува огромни 10 милиони евра!
Тоа за денешните услови во фудбалот не изгледа кој знае каква сума, но она што е неверојатно се годините на Мукоко – тој има само 14 години!
Мукоко важи за еден од најдобрите млади играчи на планетата и настапува за тимот на Борусија Дортмунд до 17 години за кој има неверојатна статистика од 76 голови на 49 натпревари.
Навистина неверојатен учинок на момчето родено во Камерун. Меѓутоа во иднина ќе има прилика да настапува и за репрезентацијата на Германија бидејќи има германско државјанство.
Сега многумина ќе си го постават прашањето како ова момче родено 2004 година ќе се однесува кога ќе добива толку голема сума. Воопшто не е невозможно после овој договор младиот фудбалер и да ја изгуби желбата за докажување, барем така смета дел од спортската јавност.
Да се надеваме дека нема да биде така и дека во иднина ќе имаме прилика да го гледаме ова момче на најголемата сцена бидејќи споменатиот учинок од 76 голови на 49 натпревари е нешто посебно.