Изгледа дека сешто може да му падне на памет на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.
Од таборот на ПСЖ не убедија дека парите не се проблем, но манирите веројатно се, а тоа го потврдува највното сознание на „Л’Екип“. Реномираниот весник од Париз пишува дека управата на Пари Сен Жермен планирала инцидент пред реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Л’Екип“ тврди дека управата на ПСЖ барала од полицијата да нема делегација која ќе го испрати шпанскиот гигант од хотелот до стадионот, на два часа пред почетокот на натпреварот. Во такви ситуации според правилата на УЕФА секој тим мора да има полициска придружба.
Французите се обиделе да ги изигираат прописите на УЕФА, што не наведува на тоа да размислуваме дека сакале или планирале инереди додека возилото на Реал се движело низ улиците во Париз.
За среќа, валстите го одбиле предлогот на ПСЖ, па екипата на Зинедин Зидан без никакви проблем пристигнала на „Паркот на принцовите“.