Дома Фудбал Англија Шпекулациите не се причина за слабата форма

Шпекулациите не се причина за слабата форма

Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен тврди дека слабите резултати на тимот од почетокот на сезоната не се поради трансферните шпекулации околу играчите.

Ериксен се мета на шпекулации бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната, исто како и договорите на Вертонген и Алдервајлед.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ова сигурно е мојот најтежок период во Тотенхем. Кога пристигнав во Тотенхем, првата година, имаше многу трансфери, заминувања и доаѓања. Меѓутоа, после доаѓањето на Покетино во 2014 година работите се одвиваа одлично“.

„Очекувањата од нашиот тим во овој момент се целосно различни во однос на пред неколку години. Треба да победуваме во секој меч. Ние играчите се обидуваме да се изолираме, сигурно трансферните шпекулации не влијаат на славите резултати, бидејќи сите работиме многу професионално“, изјави Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …