Mиралем Пјаниќ овие денови е една од главните теми на европските медиуми.
Босанскиот фудбалер се поврзува со заминување од Јувентус, а најмногу како потенцијална дестинација на 30 годишниот фудбалер се споменува Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите помеѓу Барселона и Јувентус на големо се во тек. „Старата дама“ прво во замена за Пјаниќ го бараше Артур, но Бразилецот одби да ја напушти Барселона. Потоа се преговараше за нови опции.
Јувентус наводно се согласил и дел од „пакетот“ да биде Осман Дембеле. „Мундо Депортиво“ вчера објави дека Французинот му кажал „да“ на Јувентус, меѓутоа „Л’Екип“ има други информации.
Според информациите на Французите 23 годишниот крилен напаѓач нема намера да ја напушти Барселона. Сака да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за своето место.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредниот период, меѓутоа нема дилеми дека Барселона сака да го доведе Пјаниќ, а дали ќе има договор со Јувентус ќе покаже времето.