Дома Македонски спорт Мак ракомет Шпанците ги очекува „пекол“: Вардар пушти дополнителни 500 влезници за натпреварот против Барселона!

Шпанците ги очекува „пекол“: Вардар пушти дополнителни 500 влезници за натпреварот против Барселона!

Maкедонскиот шампион Вардар и оваа сезона игра одлично во ракометната Лига на Шампиони.

За црвено-црните следат два натпревари на домашен терен, прво со Мешков Брест, па потоа и со Барселона. Интересот за натпреварот против шпанскиот претставник е навистина огромен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона е најавуван како спектакл и тоа страна на ЕХФ. Салата на „Јане Сандански“ од поодамна е распродадена и атмосферата ќе биде навистина пеколна.

Поради таква ситуација од Вардар денес се одлучија да пуштат дополнителни 500 влезници за овој натпревар кои ќе бидат по цена од 150 денари.

„Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона пуштени се во продажба дополнителни 500 билети. Истите се за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Цената на билетите се 150 денари“, стои во соопштението на Вардар.

Вардар и Барселона ќе се сретнат на 11 ноември во 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…