Барселона го потврди статусот на фаворит и ја совлада Црвена Звезда со 2:5 во Белград во 4. коло од Лигата на шампионите.
На мечот со Барселона пристигнаа и шпански новинари. Новинарите на каталонски Спорт го објавија видеото од прилозите пред стадионот Рајко Митиќ, попознат како Маракана. На видеото може да се види дека новинарот на шпанските медиуми е многу изненаден од фактот што наишол на тенк пред стадионот.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Се разбира, станува збор за руски тенк Т-55 кој веќе пет години е паркиран пред Маракана, а таму го поставија навивачите на Звезда пред натпреварот од Лигата на шампионите против Јанг Бојс. „Што прави ова овде“, праша зачудениот Шпанец.
Звезда го пофали тенкот на социјалните мрежи, а го опиша како атракција. Дел од тамошните портали тврдеа дека се работи за хрватски тенк кој е запленет во Вуковар, но се беше демантирано. „Тоа возило не е од Вуковар. Станува збор за отпаден тенк купен во воен отпад на југот на Србија. Возилото нема мотор ниту е оперативно во која било смисла“, изјави тогаш Звезда.