Реал Мадрид и Барселона веќе подолго време се заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз, но тој најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата.
25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фабиан Руиз на лето влегува во последната година од договорот, а Наполи е спремен да го продаде.
За него силен интерес покажува и Арсенал, а италијанските медиуми пренесуваат дека Шпанецот е спремен да ја прифати понудата на „топџиите“ бидејќи има голема желба да игра во Премиер лигата.
Микел Артета исклучително ги цени неговите квалитети и веќе имал телефонски разговор, па наводно го убедил да се пресели на „Емирати“.