Вечерата со својот сонародник и тренер на Атлетико Мадрид, одржана неодамна изледа не била само пријателска…
Не, не е ова никаква шега. Станува збор за ексклузивна вест на шпанскиот новинар Хоаким Родригез, иначе експерт вработен во мадритското радио „Онда Серо“, второ по големина во Шпанија. Значи, не доаѓа од медиум кој се занимава со шпекулации!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на Родригез, специјалниот тим на Атлетико задолжен исклучиво за преговори со Јувентус предводен од Адреа Берто изгледа успеал да постигнат договор со претставниците на Дибала.
Како што се пренесува станува збор за договор на пет години, а неофицијално се споменува дека платата на Аргентинецот би требало да изнесува помеѓу девет и десет милиони евра.
Доколку оваа вест е точна, тоа значи дека Атлетико не успеал да го задржи Антоан Гризман кого медиумите ширум Европа на големо го селат во Барселона. Очекувањата се тој да премине во Каталонија за сума од 100 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клазула.
Кога веќе трансферот на Гризман би бил завршена работа на Атлетико не би му претставувало проблем да ги плати бараните 150 милиони евра како оштета за Дибала. Се наведува и дека оштетата би можела да биде намалена доколку во целата работа биде вклучен и Стефан Савиќ.
Целата оваа приказна изгледа навистина неверојатно, најмногу што Дибала во последните две години се поврзуваше со Реал Мадрид и Барселона, но изгледа дека победиле сонародничките врски со Диего Симеоне.
За крај како поткрепа на оваа вест, потсетуваме дека Дибала неодамна со својот брат кој е негов агент беше на вечера со тренерот на Атлетико Мадрид. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.