Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Шокантна одлука на Лев: Лерој Сане исфрлен од списокот, Ноер оди на СП

Шокантна одлука на Лев: Лерој Сане исфрлен од списокот, Ноер оди на СП

Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев денес го соопшто конечниот список од 23-ца фудбалери кои ќе патуваат на Мундијалот во Русија.

Најнеизвесна беше позицијата на Мануел Ноер, кој сепак влезе во потесниот список и ќе биде дел од голманите заедно со Тер Штеген и Кевин Трап.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, најголемото изненадување е што на Мундијалот нема да го гледаме Лерој Сане, кого Лев го исфрли од списокот. Сане одигра фантастична сезона со Манчестер Сити, ја освои Премиер лигата и има неверојатна статистика.

Сане сезоната ја заврши со 14 гола и 19 асистенции, статистика која ја нема ниту еден друг фудбалер во германската репрезентација.

Покрај Сане од списокот беа исфрлени уште Бернд Лено, Џонатан Тах (Баер Леверкусен) и Нилс Петерсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мбапе го поддржа Зидан за селектор на Франција

Капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе, отворено зборуваше за идните можно…