Дома Фудбал Репрезентации Шок: Ја однесе репрезентацијата на Европско првенство, па поднесе оставка!

Шок: Ја однесе репрезентацијата на Европско првенство, па поднесе оставка!

Репрезентацијата на Чешка со победата на Молдавија се пласираше на Европското првенство освојувајќи го второто место во групата зад Албанија.

Но, по овој пласман на континеталниот собир селекторот на Чешка, Јарослав Шилхави се одлучи на еден изненадувачки потег – поднесе оставка!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Заминувањето Шилхави го потврдил веднаш по натпреварот.

„Среќни сме со пласманот на Европското првенство, но ние како стручен штаб одлучивме да не продолжиме со работа во репрезентацијата на Чешка. Луѓето во федерацијата се веќе информирани, притисокот беше преголем, а јас не го разбрав. Тоа придонесе за ваков потег“, изјави Шилхави по средбата.

Чешките медиуми пренесуваат дека ова е изненадување затоа што и претходно се најавувал негов нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…