Најбрзиот човек на светот, Усен Болт остана без еден од своите 9 олимписки златни медали, односно без златото од штафетата 4×100 од Олимписките игри во Пекинг, откако еден од неговите тимски колеги беше позитивен на допинг тест.
Кај Нест Картер во новите анализи на урината и крвта пронајдена забранета супстанца и тоа влијаеше на поништување на резултатите од штафетата на Јамајка во која беше и Болт.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Картер беше на листата од 31 аткетичар кои паднаа на новиот тест, кој е направен по нови научни техники во склоп со недозволените супстанци.
Освен Болт, без злато поради Картер останаа уште и другите учесници на штафетата односно Асафа Пауел и Мајкл Фрејтер.
Потсетуваме, штафетата на Јамајка тогаш освои златен медал со нов светски рекорд 37,10 секунди. Тогаш во Пекинг Болт за прв пат блесна на голема сцена освојувајќи три олимписки злата.