Дома Останати Тенис Шок за Ѓоковиќ: Елиминиран во Дубаи!

Шок за Ѓоковиќ: Елиминиран во Дубаи!

Данил Медведев приреди изненадување во Дубаи и го нанесе првиот пораз за Новак Ѓоковиќ во 2023 година.

Светскиот рекет број еден беше поразен во полуфиналето и нема да се бори за титулата во утршеното финале. Медведев славеше со 2:0 во сетови (6:4, 6:4), а мечот траеше еден час и 35 минути игра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главната причина за денешниот пораз големиот број грешки кои ги направи српскиот тенисер, посебен проблем имаше со форхендот и голем број такви удари завршија во аут.

Во финалето Медведев ќе се сретне со Андреј Рубљев кој претходно беше подобар од Зверев исто така со 2:0 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Aмериканец изведе салто со една нога, Ѓоковиќ не можеше да си поверува – погледнете ја неговата реакција (Видео)

Американскиот лизгач Илија Малинин продолжи да ги пробива границите на Зимските олимписки …