Дома Останати Тенис Шок за Руне на Австралија Опен – елиминиран е од 122. тенисер во светот!

Шок за Руне на Австралија Опен – елиминиран е од 122. тенисер во светот!

Данецот Холгер Руне е првиот тенисер од топ 10 во светот кој го завршува својот настап на Австралија Опен.

Руне беше поразен од 122. Светски рекет Артур Козо од Франција. Мечот траеше три часа и 23 минути игра. Козо беше подобар во четири сета со 3:1 (7:6, 6:4, 4:6, 6:3).

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Казо е тенисер кој има 21 година, а пласманот во третото коло за него е најдобар на еден грен-слем турнир. За Руне од друга страна ова е фијаско бидејќи на Австралија Опен пристигна со големи амбиции.

Во следната рунда Казо ќе игра против 28. носител Талон Грикспор од Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Дончиќ имаше специјален гостин по натпреварот на Лејкерс – Новак Ѓоковиќ! (Видео)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во Калифорнија, подготвувајќи се за големо настап на Инд…