Дома Фудбал Лига на шампиони Шок за ПСЖ: Тиаго Силва не игра против Барса!

Шок за ПСЖ: Тиаго Силва не игра против Барса!

Капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва поради повреда нема да биде во можност да му помогне на својот тим во првиот дуел од осминафиналето во ЛШ против Барселона.

Силва минатата недела доживеа повреда на мечот со Лил, поради што го пропушти наредниот меч со Бордо, но не успеа да се опорави за мечот со Барселона кој на прогамата е вечерва.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бразилецот би тербало да го замени 21-годишниот Кимпембе, на кого ова ќе му биде деби во Лигата на шампиони.

Ова сигурно ќе биде голем хендикеп за „светците“ бидејќи Тиаго Силва е еден од најдобрите поединци во тимот, а неговата замена е дебитант кој тешко ќе може да се избори со напаѓачите на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Иван Тони: Мојот клуб од Саудиската лига би се борел за врвот на Премиер лигата

Англискиот напаѓач Иван Тони изјави дека Саудиската Про Лига со квалитет речиси се изеднач…