Дома Фудбал Англија Шок за Манчестер Сити: Крај на сезоната за Родри

Шок за Манчестер Сити: Крај на сезоната за Родри

На вчерашното дерби против Арсенал се повреди еден од најважните играчи на Манчестер Сити, Родри, а денес се остварија лошите прогнози.

Родри со солзи го напушти теренот, а денешните детални лекарски прегледи покажаа Родри има скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено и го очекува долга пауза.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Шпанецот мора да оди на операција,а процесот на рехабилитација трае неколку месеци, што значи дека оваа сезона за него е завршена.

Ова е голем удар за Гвардиола бидејќи Родри е еден од најважните играчи во тимот и кандидат за „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Каков срам за Де Брујне при враќањето дома: Дочекан како крал, а потоа се случи Конте!

Кевин Де Брујне само по неколку месеци се врати на Етихад. Легендарниот Белгиец десет годи…