Дома Топ вести Шок во францускиот фудбал: Осум прволигаши се пред банкрот?!

Шок во францускиот фудбал: Осум прволигаши се пред банкрот?!

На францускиот фудбал му се заканува целосен колапс бидејќи Францускиот фудбалски сојуз се уште нема добиено понуда за ТВ преносите од сезоната што треба да започне наскоро, па дури осум прволигаши се во опасност од банкрот.

Францускиот фудбал доживува катастрофа каква што досега не е видена во најсилните првенства. Имено, веќе со месеци нема понуда за ТВ преноси во петгодишниот циклус од 2025 до 2029 година, што воедно значи дека клубовите не ја добиле финансиската инјекција која им е потребна.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претходно, претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Винсент Лабурн бараше повеќе од една милијарда евра по сезона за ТВ преноси, но заминувањето на ѕвездите како Лионел Меси, Нејмар и сега Килијан Мбапе интересно и тоа како опадна.

„DAZN“ и „beIN Sports“ беа спомнати како потенцијални купувачи за ТВ правата, но никогаш не беше постигнат договор. Цената на правата е преполовена, меѓутоа и во таква ситуација нема понуди.

Најпознатиот француски весник L’Equipe сега излезе во јавноста и пишува за потенциајлен колапс на првенството. Дури осум клуба од елитното друштво се пред банкрот доколку не се подобри состојбата.

Станува збор за Оксер, Ленс, Нант, Ремс, Монпеље, Брест, Авр и Анже. Сите се во ризик од банкрот поради немање финансиски средства, се затоа што ТВ правата се уште не се продадени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …