Дома Топ вести Шест клуба во игра за Халанд, Челзи и Баерн немаат шанси

Шест клуба во игра за Халанд, Челзи и Баерн немаат шанси

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е еден од најбараните напаѓачи во светот, а весникот „Билд“ тврди дека Норвежанецот ќе бира меѓу шест клуба.

„Билд“ тврди дека Халанд не сака да се пресели во Челзи, а исто така и Баерн Минхен „нема шанси“ да го добие неговиот потпис, бидејќи 20-годишниот голгетер тоа го смета за предавство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Три англиски клуба се на списокот на Халанд,  Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Во трката се уште Реал Мадрид, Барселона и италијанскиот гигант Јувентус.

Весникот тврди дека Халанд го известил својот агент дека сака трансфер во еден од овие шест клубови и е спремен  на лето да ја напушти Борусија Дортмунд.

Норвежанецот има откупна клаузула од 75 милиони евра која ќе се активира во 2022 година, а на лето Дортмунд за неговата слобода ќе бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…