Дома Фудбал Останато Шведските медиуми го провоцираа Ибрахимовиќ, но тој им одговори во свој стил

Шведските медиуми го провоцираа Ибрахимовиќ, но тој им одговори во свој стил

Репрезентацијата на Шведска сигурно изненади многумина со пласманот во осмина финалето на Светското првенство, каде што овој тим ќе игра против селекцијата на Швајцарија.

Швеѓаните со победата против Мексико го осигураа првото место во групата и изненадија многумина со пласманот помеѓу најдобрите 16 екипи во светот. На швеѓаните речиси никој не им даваше шанси за да одат понатаму покрај Мексико и Германија, а така и мислеше најдобриот играч на сите времиња во оваа земја, Златан Ибрахимовиќ.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ибра во неколку наврати изјави дека Шведска има многу добар тим, но дека без него во екипата едноставно не можат да направат ништо на Мундијалот. Откако што успеаа да изборат пласман во осмина финалето во Шведска почнаа да го провоцираат Ибра кој се разбира одговори во свој стил.

„Во право сте што пишувате овие денови. Па, пред Мундијалот јас реков дека Шведска ќе оди далеку и ете веројатно сега ќе го освои тоа натпреварување. Задоволен сум како играат и горд сум што сум Швеѓанец. По Лос Анџелес се возам со шведско знаме. Јас го освоив светот, а сега на нив останува да го направат истото“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Земјотрес на „Енфилд“: Ливерпул заврши трансфер од 94 милиони евра

Иако навивачите на Ливерпул се надеваа дека следната сезона првиот напаѓач во нивниот тим …