Дома Фудбал Репрезентации Швајцарија за 13 минути ја потопи Бугарија, Данска до три бода во Тел Авив 🎥

Швајцарија за 13 минути ја потопи Бугарија, Данска до три бода во Тел Авив 🎥

Репрезентацијата на Швајцарија вечерва на гости ја победи Бугарија со 3:1 во натпреварот од квалификациите за Светското првенство.

Швајцарците одлично го отворија дуелот и натпреварот во Софија го решија во првите 13 минути. Гостите поведоа со голот на Емболо во седмата минута. Само три минути подоцна беше 2:0. Шаќири му асистираше на Сеферовиќ кој ја погоди мрежата. Во 13 минута Швајцарците дојдоа до трет гол. Шаќири одново беше асистент, овој пат погоди Зубер.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Бугарија до крајот на натпреварот успеа да постигне само почесен гол преку Десподов на почетокот на второто полувреме.

Во терминот од 18:00 часот се игра уште еден натпревар во кој се сретнаа Израел и Данска. Гостите во Тел Алвив славеа победа со 0:2. Стрелци беа Брајтвајт и Винд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…