
Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер од лето би можел да стане нов спортски директор во Ајнтрахт Франкфурт.
Како што пренесува „Билд“ поранешниот капитен и светски шампион со Германија има изгледни шанси да биде наследник на Фреди Бобиќ.
Швајнштајгер пред две сезони ја заврши фудбалската кариера играјќи за Чикаго Фајерс, а во овој момент работи како ТВ консултант.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Неодамна Швајшнтајгер даде интервју за германските медиуми во кое зборуваше дека сака да добие позиција на која ќе почувстувва одгворност и од која ќе може да направи нешто.