Дома Трансфер зона Шанса за спас на кариерата: Стариџ на проба во Шпанија

Шанса за спас на кариерата: Стариџ на проба во Шпанија

Aнглискиот напаѓач Даниел Стариџ без клуб е повеќе од една година.

Стариџ последниот ангажман го имаше во дресот на Трабзонспор кој го напушти во март 2020 година. Исто така англискиот напаѓач доби четири месеци суспензија затоа што ги прекрши правилата за обложување.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Интересно е дека англискиот напаѓач „падна“ поради дојава за трансфер. Поради забраната со фудбал не можеше да се занимава до 17. јуни минатата година, сепак oд тогаш тешко му оди пронаоѓањето на нов ангажман.

Сега ќе добие шанса. Шпанските медиуми објавија дека Стариџ ќе оди на проба во Мајорка. Мајорка минатата сезона се врати во најсилниот ранг во шпанското првенство и сега се во фаза на формирање екипа за новата сезона.

Ќе потсетиме, македонскиот репрезентативец Александар Трајковски се уште е дел од Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…