Дома Македонски спорт Мак фудбал Чурлинов: Среќен сум што повторно можам да играм фудбал

Чурлинов: Среќен сум што повторно можам да играм фудбал

Дарко Чурлинов помиа низ многу тежок период откако се разболе од сепса, но после неколку месеци повторно може да игра фудбал.

Сега, четири месеци подоцна, Чурлинов е назад во репрезентацијата и едвај чека повторно да заигра.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Убаво е чувството пак да се биде на терен, поминав низ еден тежок период, пресреќен сум што повторно можам да играм фудбал и што повторно можам да бидам дел од репрезентацијата. Спремен сум да играм, од пред две недели смеам да настапувам, кондициски сум доволно подготвен, на добар пат сум. Играв два меча за вториот тим на Барнли, би требало да заиграм и за првиот тим во клубот“, изјави Чурлинов.

„Без разлика против кого играме, треба да се фокусираме на нас, знаеме колкав квалитет имаме, но треба тоа да го покажеме на терен. Ќе го анализираме уште еднаш оној меч од Скопје, ќе видиме каде ни биле грешките. Ако ние играме добро, тогаш можеме да се носиме со секого“, додаде Чурлинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…