Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Дарко Чурлинов е најмладиот дебитант во историјата на Македонија и тој денес одговораше на прашањата на новинарите пред дуелот со Украина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Пресреќен што имам прилика да бидам дел од овој тим, ова е Европско првенство. Атмосферата секако дека е одлична, нормално е да има еуфорија, среќни сме и весели. На тренинзите нормално дека постои таа концентрација и се надеваме дека така ќе остане“
Очекува ли да настапи со Украина?
„Јас лично сум спремен во секој момент да помогнам да победи екипата, верувам во моите екипи“.
„На Европско првенство секој натпревар е тежок, не може пред време да се каже како ќе се одвива натпреварот. Треба да влеземе во натпреварот и да дадеме се од себе, да бидеме Македонија каква што можеме да бидеме“.
„Многу сум горд што сум најмладиот дебитант во историја на Македонија. Секој сака да постигне гол во ваков натпревар, но многу поважно е да се победи натпреварот“.