Ракометната федерација (ЕХФ) во петокот донесе одлука која разлути многу луѓе во ракометот. ЕХФ се реши да ги откаже сите натпревари до Ф4 во Келн и таму ги испрати двете првопласирани екипи од А и Б групите.
Од оваа одлука на ЕХФ не е задоволен ниту Чупиќ кој со Вардар е актуелен европски шампион. Во интервју за „Јутарњи лист“ Чупиќ отворено го изрази своето незадоволство од ваквата одлука.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Тоа што го направија не е регуларно, мисли ли таму некој на клубовите? Во ваква ситуација мислам дека сите требаше да бидат сложни и да кажат дека нема да играат на тој начин. Вака испаѓа, богатите нека играат, а малите да им служат само за промоција на ракометот. Ова е ситуација во која прво треба да се помогне на сојузите и клубовите поради тешката ситуација и опасната иднина. Прашање е колку клубови ќе ја преживеат кризата, се плашам дека доаѓаат тешки времиња. Меѓутоа сега е најважно да останеме здрави“, изјави Чупиќ.