Дома Фудбал Чудото од дете на Барселона (16) ги полуде играчите на Тотенхем. Погледнете ги неговите мајстории

Чудото од дете на Барселона (16) ги полуде играчите на Тотенхем. Погледнете ги неговите мајстории

БАРСЕЛОНА го освои трофејот Жоан Гампер победувајќи го Тотенхем со 4:2 во пријателски натпревар.

Поведоа преку Роберт Левандовски во третата минута, а потоа Англичаните направија пресврт преку Оливер Скип, кој погоди во 24. и 36. минута.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Тотенхем водството го одржуваше до 81. минута. Барселона израмни преку Феран Торес во 81. минута, а Ансу Фати погоди за нов пресврт во 90.

Абде Езалзули во 93. ги постави конечните 4:2.

Во 80. минута Чави го внесе Ламине Јамал наместо Ерик Гарсија и на тој начин направи пресврт.

Јамал асистираше до Торес во 81. минута и беше најдобриот поединец на Барселона до крајот на натпреварот.

Тој до крајот на натпреварот учествуваше во останатите голови, а навивачите на Барселона беа воодушевени по неговата игра. Шпанецот Јамал е по потекло од Мароко и е дете на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид се збогуваше со Анчелоти!

Сега нема никакви сомнежи, eден од најдобрите европски тренери Карло Анчелоти дефинитивно …