Поранешниот хрватски репрезентативец, Ведран Чорлука ќе биде дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Хрватска.
Оваа информација за хрватските медиуми ја потврди и претседателот на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ведран Чорлука е човек со неверојатна кариера во репрезентацијата. Токму затоа одлучивме тој да му биде асистент на Златко Далиќ за Европското првенство кое следува. Ова е одлука која ја донесовме заеднички со Златко. Среќен сум што Чорлука ќе биде во тимот, очекувам да биде од голема помош“, изјави Шукер.
Треба да споменеме дека Чорлука се уште активно игра фудбал и тоа во Русија во тимот на Локомотив Москва.