Дома Останати Чориќ го изненади Федерер и закажа финале со Ѓоковиќ

Чориќ го изненади Федерер и закажа финале со Ѓоковиќ

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ направи големо изненадување на мастерсот во Шангај и во полуфиналето го елиминира фаворизираниот Роџер Федерер.

Чориќ денеска се прикажа во исклучително добро издание и заслужено славеше над Федерер за пласман во финалето каде ќе ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хрватот клучната разлика во двата сета ја направи на идентичен начин, со брејк на отворањето на двата сета, а потоа рутински го одржуваше својот сервис за конечни 6:4, 6:4.

Досега, Ѓоковиќ и Чокиќ играа двапати, и во двата наврата славеше Србинот, оваа година во Монте Карло и минатата во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Ноле, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25. грендслем титула“

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се сомнева дека Новак Ѓоковиќ некогаш ќе стигне…