Дома Македонски спорт Чолаковски прво ќе треба да го убедува Милевски преку У21

Чолаковски прво ќе треба да го убедува Милевски преку У21

Големиот македонски талент од Австраија Стефан Чолаковски прво ќе мора да се докажува во младата селекција, иако новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски беше еден од најголемите „виновници’ што ќе игра за Македонија.

На денешната прес-конференција Милевски порача дека и покрај тоа што тој се залагал Чолаковски да дојде во У21 додека тој беше селектор, ќе го остави да се докажува со младите.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Како што знаете јасум најголем поборник фудбалерите да не скокаат генерации. Со Стефан Чолаковски првите контакти ги направивме уште во јануари, сакаше да дојде во март на турнирот во Анталија, меѓутоа поради ковид-протоколите беше спречен. Потоа изрази желба да дојде во јуни, но тогаш не беше во можност затоа што Мелбурн играше плеј-оф и освои титула, па остана таму. Тој прво ќе мора преку У21 да покаже дека има квалитет, па потоа да добие повик за А-тимот“, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…