Бранко Бошковиќ ја имаше таа чест да настапи за дури три репрезентации, но најмногу натпревари одигра во дресот на Црна Гора.
Бошковиќ играше за Југославија, Србија и Црна Гора, а потоа долго време беше на списокот на Црна Гора. Кариерата ја заврши пред четири години, а сега во интерврју говореше за натпреварот помеѓу Црна Гора и Србија кој се игра во рамките на Лигата на Нациите на 11. октомври.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Треба да сето ова да гледаме исклучиво од спортска страна, без тензија која може да го носи дуелот. До него еднаш мораше да дојде, историски е, но ова е само спорт, ова е само фудбал. Мило ми е што во натпреварот не постои некој посебен набој, освен спортскиот кој мора да биде присутен“, изјави Бошковиќ.