Дома Трансфер зона Човек да не поверува – Тотенхем испраќа скаути на натпреварот Аталанта – Милан!

Човек да не поверува – Тотенхем испраќа скаути на натпреварот Аталанта – Милан!

pochetino

Oпшто познато е дека премирлигашите трошат најмногу на засилувањем но еден клуб е исклучок и тоа веќе во два преодни рока.

Неверојатно звучи податокот дека Тотенхем стана првиот кој не купил играч во два преодни рок со што стана првиот тим од Премиер лигата кој направил такво нешто.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фасцинантно е дека Тотенхем без оглед на таквата политика на клубот има одлични резултати и оваа сезона е само на -5 бода од лидерската позиција.

Претседателот на клубот Даниел Леви е многу внимателен кога во прашање е трошењето на пари бидејќи голема сума потрошија на изградбата на новиот стадион. Меѓутоа тренерот

Маурисио Покетино е разочаран од фактот што Спарсите веќе втор преоден рок не доведоа засилување.

Даниел Леви е познат и како тежок човек за преговори, сигурно се сеќавате на преговорите со Реал Мадрид за Герет Бејл и кога Реал тајно мораше да преговара, а потоа сепак плати рекордна оштета.

Многумина ја критикуваат трансфер политиката на Тотенхем и тврдат дека ако во иднина сакаат да освојуваат трофеи ќе мораат да ја променат и да се засилуваат како што тоа го прават конкурентите.

Ова можеби на луѓето о Тотенхем им станало бидејќи на Островот на големо се пишува дека Тотенхем испратил скаути да го следат натпреварот на Дуван Запата за Аталанта вечерва против Милан.

Освен Запата наводно скаутите на клубот од Лондон ќе „фрлат“ и око на Франк Кеси и Сусо од Милано. Меѓуто Запата кој оваа сезона игра во фантастична форма ќе биде централната фигура.

https://youtu.be/42OoIIl2AOk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…