Дома Трансфер зона „Чистка“ во Мадрид: Овие играчи ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“

„Чистка“ во Мадрид: Овие играчи ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез по завршувањето на сезоната спрема големи промени во играчкиот кадар.

„Кралевите“ сакаат потполно реновиран тим, па веројатно од наредната сезона ќе гледаме некој нов Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се очекува неколку ѕвезди да потпишат за „кралскиот“ клуб. Еден Азар е прв на листата на желби, а се споменуваат уште Дибала и Хари Кејн.

Меѓутоа, Перез пред се одлучи да продаде шест фудбалери, а листата која ја објави „Дон Балон“ изгледа прилично неверојатно, бидејќи на неа се играчи кои се стандардни оваа сезона.

Бразилецот Марсело е прв на листата за напуштање на клубот. За него место во тимот повеќе нема и како што стојат работите веројатно ќе ги засили редовите на Старата дама.

На Марсело ќе му се приклучат Иско и Кејлор Навас. Иско е разочаран од својот статус во клубот. Кај Солари скоро и да не игра, па во клубот одлучиле да се разделат и со него.

Исто така, Навас би можел да замине. Тој се најде на оваа листа, иако неодамна потпиша продолжување на договорот со екипата.

Додека заминување на овие играчи се очекуваше, останатите три имиња се секако големо изненадување. Дон Балон тврди дека Перез одлучил да ги продаде уште и Тони Крос, Дани Карвахал и Касемиро.

Посебно предизвика неверување фактот што на листата се најде Касемиро. Тој игра фантастично оваа сезона и е еден од главните играчи на клубот, но последниот збор го има претседателот Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…