Чешки бизнисмен покажува сериозен интерес да го купи италијанскиот клуб Рома, кој е во сопственост на американскиот бизнисмен Џејмс Палота, пренесуваат италијанските медиуми.
Станува збор за чешкиот милијардер Даниел Кретински чие богатство е провенето на 2,2 милијарди евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
43-годишниот Кретински е голем љубител на фудбалот и пред неколку дена испратил понуда од 600 милиони евра за Милан, но истата била одбиена.
Сопственикот на Спарта Прага сега се насочил кон Рома и е спремен да испрати понуда, но претседателот Палота нема намера во моментив да го продава клубот.
„Волчицата“ веќе подолго време се обидува да изгради свој стадион, а доколку тоа се случи во наредните години вредноста на клубот ќе се зголеми повеќекратно.