Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин одговори на нападите на Флорентино Перез.
Претседателот на Суперлигата, пред два дена го нарече Чеферин лажго и дека на УЕФА и е потребен транспарентен претседател.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Тој не сака претседател како мене? Тоа е уште поголем мотив да останам на функцијата. Перез сака контрола, а јас се обидувам да го правам тоа што мислам дека е најдобро за европскиот и светскиот фудбал. Притоа, тој бил претседател на Суперлига. Претседател на буквално ништо“, изјави Чеферин и проговори за можноста Реал да биде исфрлен од ЛШ.
„Сезоната веќе почна и мора да се одиграат полуфиналните натпревари за да не бараат отштета од телевизиите. Затоа се мали шансите дека овој меч нема да се игра следната недела, но тоа ќе биде поинаку во иднина. УЕФА е отворена и тие се дел од нив, но некои клубови ќе мора да се извинат и да сносат последици“, истакна првиот човек на УЕФА.